Бројот на заразени со вирусот КОВИД 19 надмина 20 милиони и сега изнесува 20.026.186, според веб-страницата Worldomerters.
Од почетокот на епидемијата, починаа 734.020 луѓе, а скоро 13 милиони се оздравени.
Во моментов, активни се 6.391.505 случаи.
Најлоша е состојбата во Соединетите држави, Бразил и Индија, кои бележат по неколу милиони случаи, по што следат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.
Рекорден број смртни случаи во Австралија
Австралија во понеделникот забележа рекорден дневен број на смртни случаи, додека бројот на нови инфекции беше најмал за две недели.
Официјални лица од втората најнаселена држава Австралија, Викторија, која стана во фокусот на вториот бран на инфекцијата, објавија дека 19 лица починале од вирусот во последните 24 часа. Со смртни случаи регистрирани во други држави, ова претставува најголемо единечно зголемување на смртните случаи.
Викторија исто така во последните 24 часа забележа 322 нови случаи на инфекција, што е најмал број на дневно ниво од 29 јули.
Австралија е сè уште далеку од многу други развиени земји со околу 21,000 заразени и 314 смртни случаи.
Италија сега е на 16-то место
Од европските земји, покрај Русија, најлоша е ситуацијата во Шпанија, каде од појавата на вирусот се разболеле 361.442 лица, а починале 28.503 лица, која е на 10-тото место во светот по бројот на пациенти.
Италија, која своевремено беше втора по број на заразени, сега е на 16-то место со 250.566 заразени и 35.205 смртни случаи.
Кина, каде за прв пат се појави вирусот, бележи 49 нови случаи, додека вкупно 84.668 луѓе се разболеле, а 4.634 починале во земјата.
Кога станува збор за земјите од Блискиот исток, најтешка е ситуацијата во Иран, каде што вкупно 326.712 лица се разболеле, а 18.427 лица починале.