Истекоја законските рокови во кои непознатиот инвеститор требаше сам да ја урне дивоградбата кај Мавровка, па поради тоа општината Чаир објави нов тендер за избор на фирма која ќе ја отстрани истата. Но, според информациите ниту една фирма не се пријавила на тендерот за рушење.
Ова предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, па новинарите почнаа доброволно да се пријавуваат за рушење на дивоградбата.
“Јас се пријавувама за рушење на нелегалниот објект кај Мавровка“, напиша на Фејсбук, Чекеровски.
“Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Дарко Чекеровски, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта“, – напиша и новинарот Огнен Чанчаревиќ.
По Чекеровски и Чанчаревиќ, се пријавија и новинарите Томислав Кежаровски, екс претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, а помош понуди и Наташа Стојановска.