Во време на сезонски грипови како да разликувате дали се работи за настинка, грип или коронавирус?

Кашлица, течење од нос, болки во грло и треска: симптомите честопати се слични кога ќе се почувствувате болни. Поради тоа е тешко да се разликува вирусна од бактеријална инфекција.

На прв поглед, симптомите на новиот коронавирус се слични на оние кои ги знаеме од вообичаената настинка или грип.

Вообичаените симптоми на коронавирус вклучуваат:

– Треска

– Сува кашлица

– Недостаток на здив

– Болни во мускулите

– Замор

Помалку типични симптоми на коронавирус:

– Шлајм

– Главоболка

– Искашлување крв (Хемоптиза)

– Дијареја

Симптоми нетипични за коронавирус:

– Течење од нос

– Болки во грло

Течењето од нос и болките во грло се типични знаци на инфекција на горниот респираторен систем. Оттука, оние кои киваат или шмркаат најверојатно имаат грип или обична настинка.

Со оглед на тоа што новиот коронавирус најчесто го напаѓа долниот респираторен тракт, најголемиот дел од инфицираните имаат сува кашлица, недостаток на здив или пневмонија, но не и болки во грлото.