Поради пандемијата на коронавирусот голем пад има светската економија.

Како што објави ММФ, просечниот пад на економската активност во развиениот дел на светот во 2020 година треба да биде 6,1 процент, а падот во земјите во развој ќе биде значително помал, само еден процент.

Руската економија би требало да се намали 5,5 проценти оваа година, а корона кризата, ќе влијае и падот на цените на енергијата.

Но, двете големи економии, Индија и Кина, треба да ја завршат годината во плус.

Американската економија, која е најголема во светот, се намали за неверојатни 32,9 проценти на годишно ниво во вториот квартал. Вакво нешто досега не се случило.
Предвидувањата на ММФ и Светската банка дадени претходно се остварија.