Повеќе од 18 милиони луѓе низ целиот свет се позитивни за новиот вид корона вирус. Повеќе од 10,6 пациенти закрепнале од КОВИД-19, додека скоро 693.000 починале, според универзитетот Џон Хопкинс.
САД влегоа во нова фаза на епидемијата со инфекции кои се „невообичаено распространети“ како во руралните области така и во градовите, велат експертите за коронавирусот во Белата куќа. Во САД, од КОВИД-19 заразени се 4,68 милиони луѓе, а регистрирани се повеќе од 155.000 смртни случаи.
Во Бразил во последните 24 часа се пријавени уште 25.800 нови случаи на коронавирусот, додека 541 лица починале како резултат на инфекцијата, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Бројот на заразени со коронавирусот во Бразил надмина 2,73 милиони од почетокот на пандемијата, а бројот на починати достигна 94.104.
Бразил се најде на второто место во светот по бројот на заразени и по бројот на смртни случаи, веднаш зад САД.