„Пази не ме гази” – сообраќајна акција во Крива Паланка

На главната улица „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка денеска се одржа акција за сообраќајната култура и безбедност во сообраќајот „Пази не ме гази” во организација на здужението „Норгес Вел” од Крива Паланка и НВО Инфоцентар од Скопје, во соработка со Општина Крива Паланка.

-Целта на акцијата е да ја развие сообраќајната култура и да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Се вклучија претставници на совет на родители од основното општинско училиште „јоаким крчовски”, деца од сите возрасти, невладини организаци, како и претставници од полициската станица од општа надлежност крива паланка. Ја реализираме под мотото „пази не ме гази” за да укажеме дека сите сме одговорни како учесници во сообраќајот, сите имаме исти права и обврски и сите учиме едни од други. Оттука и одговорноста е на секој учесник во сообраќајот за подигнување на свеста кај граѓаните за позитивни практики, изјави даниела анастасовска, координатор на проектот.

Таа упати благодарност до претставниците на Министерството за внатрешни работи од Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка кои учествуваа во настанот.

Акцијата следуваше како продолжение на спроведената јавна дебата на тема „Граѓанско учество во позитивни сообраќајни практики и култура на однесување” што се одржа во вторникот во Општина Крива Паланка.