Зошто Канада подобро се справува со коронавирусот од САД

Минатиот месец, бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД се зголеми за повеќе од 25.000, а бројот на заразени се зголеми двојно во 19 држави на САД, според статистиката објавена од „Ројтерс“, истакнувајќи дека ова е тежок удар врз надлежните за брзо повторно отворање на американската економија.

Бројот на нови инфекции во Соединетите држави во јули изнесуваше 1,87 милиони, со што вкупниот број заразени изнесува 4,5 милиони, а вкупниот број на смртни случаи како резултат на КОВИД-19 достигна скоро 154.000.

Според најновите податоци од веб-страницата „Worldometers“, повеќе од 17,8 милиони луѓе во САД се позитивни на вирусот, од кои 71.646 се нови случаи, додека 684.179 лица починале.

И додека Мексико го завзема третото место од Велика Британија по број на смртни случаи, северниот сосед на САД Канада бележи многу подобар резултат во борбата против вирусот корона.

Подобра изолација и помалку поделба
Во Канада досега се регистрирани 116.312 случаи на инфекција, додека бројот на починати е 8.935.

Една од причините зошто коронавирусот од Соединетите држави не се шири посериозно во Канада е тоа што границата, најдолгата во светот помеѓу двете земји (8.900 километри), е затворена од 21 март.

Според текстот во „Вашингтон пост“, Канада не забележала совршен резултат, затоа што се регистрирани кластери во Квебек и Онтарио, но таа земја навреме ја активирала армијата за да им помогне на старите лица со други болести.

Покрај тоа, Канада нема такви густо населени области како САД, каде вирусот лесно би се раширил кај голем број луѓе. Во раните фази на епидемијата, Канада тестирала повеќе од САД, подобро ги изолирала заразените, ги набљудувала контактите и го ограничила ширењето на вирусот.

Според експертите, Канаѓаните се генерално помалку поделени и подисциплинирани од Американците, кои одиграле голема улога во борбата против епидемијата, бидејќи ревносно ги следеле мерките пропишани од надлежните, додека во САД сè уште има контроверзии околу мерките.