Дваесет и тригодишна жена од Индија, била запалена од група мажи, кога одела на сослушување за случајот во кој таа обвинила двајца мажи дека ја силувале, во март во државата Итра Прадеш, објави Би-би-си.

Жената се бори за живот, таа сега е во критична состојба во болница, каде се лекува од тешки изгореници.

Петмина мажи, вклучително и двајцата обвинети дека ја силувале, се уапсени под сомнение дека ја запалиле, соопшти полицијата.

Жената се движела кон железничката станица, кога група мажи ја нападнале и ја одвлекле до некое место во близина, каде ја запалиле.

Инцидентот се случил во областа Унао, каде неодамна се појавија вести за друг случај на силување. Полицијата во јули отвори истрага против пратеник од владејачката партија, откако жена, која го обвини за силување, беше сериозно повредена во сообраќајка. Тогаш беа убиени и две нејзини тетки, а нејзиниот адвокат беше повреден.

СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ!