Републиканците и демократите во американскиот Конгрес брзо го отфрлија предлогот на претседателот Доналд Трамп за можмо одлагање на претседателските избори на 3 ноември поради стравувања дека гласањето по пошта ќе резултира со измама и неточни резултати – пренесува Радио Слободна Европа.

Повеќе републиканци, вклучувајќи го и лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич МекКонел, републиканец од Кентаки и врвни членови на партијата во Претставничкиот дом, ја отфрлија идејата. „Никогаш во историјата на земјата, преку војни, депресии и Граѓанска војна, никогаш сме немале не навреме одржани избори и ќе најдеме начин да го сториме тоа повторно и на 3 ноември“, изјави МекКонел.

Трамп подоцна на брифинг изјави дека не сакал одложување, но исто така не сакал да чека со месеци и потоа „да дознае дека гласачките ливчиња исчезнале и изборите не важат”.