Во последните 24 часа во Бразил уште 57.837 лица се разболеле од вирусот „Ковид-19“, а со тоа вкупниот број на пациенти ја надмина бројката од 2.610.102, покажуваат податоците на бразилското Министерство за здравство.

Бројот на пациенти е зголемен на 91.263, а во моментов се активни 694.744 случаи, известува ТАСС.

Првиот случај на коронавирусот се појави во Бразил на 26 февруари, а таа земја во моментов е втора во светот по бројот на заразени, по Соединетите Американски држави.