Коронавирусот во неговото тело предизвикал цитокинска бура и низа проблеми, од сепса, преку откажување на бубрезите и црниот дроб, белодробна емболија и инфекција со опасната бактерија МРСА.

Поминал 64 дена во болницата, од кои 31 ден на респиратор. На почетокот на мај, на изненадување на лекарот, тој започнал да се опоравува.

Останал без прсти на рацете и вели дека тоа е резултат на практично суспендирање на циркулацијата во неговото тело, што се случило во еден момент.

– Ковид-19 влијае на кардиоваскуларниот систем, па затоа влијаеше на циркулацијата кај Грег. Поради тоа влијание, младите луѓе кои се заразени, исто така, можат да доживеат мозочен удар – објаснува хирургот на Грег, д-р Дејвид Кулбер.

Сепак, тој ја напушти болницата со сметка од два милиони долари, што во голема мерка беше покриено со неговото осигурување.

Инаку, формирањето на згрутчување на крвта се препознава како еден од симптомите на инфекција со коронавирусот, што предизвикува компликации во рацете, стапалата, белите дробови, срцето, мозокот и кожата на пациентите.