Од почетокот на пандемијата со КOВИД-19, повеќе од 17 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот.
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата со КОВИД-19, а според најновите податоци, 17.189.755 луѓе во светот се позитивни за коронавирусот.
Пандемијата KOВИД-19 најтешко ги погоди САД, со 4.520.026 заразени лица.
По САД, следуваат Бразил (2.498.668), Индија (1.582.581), Русија (828.990), Перу (395,005), Чиле (351.575), Шпанија (327.690), Велика Британија (301.455), Иран (298.909), Пакистан (276.2288), Саудиска Арабија (272.590), Италија (246.776) и Турција (228.924).
Меѓу земјите каде што се заразени повеќе од 100.000 луѓе се и Германија со 208.537 заразени со коронавируот, Франција со 183.804, Аргентина со 173.355 и Ирак со 118.300 пациенти.
Коронавирусот се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, а Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија на 11 март годинава.
Низ целиот свет, 670.256 луѓе починале како резултат на инфекција со коронавирусот.