Рамен стомак без вежбање? Можно е на следниве шест начини

Секој понекогаш има фази на прејадување што првенствено се гледа на стомакот, но фитнес-експертот Сем Вуд вели дека има лек за тоа дури и без вежбање, со воведување на шест промени во начинот на живот и исхрана.

Рамен стомак без вежбање? За многумина звучи како сон, но можно е, вели австралискиот фитнес експерт Сем Вуд, кој тврди дека диетата и начинот на живот се повеќе одговорни за маснотиите во стомакот отколку тренингот, што ги зајакнува мускулите, но не може да ги уништи маснотиите.

Иако вежбањето е секогаш препорачливо, може да се обидете да го намалите стомакот на следниве шест ефективни начини.

Елиминирајте го алкохолот

Повеќето луѓе имаат омилен алкохолен пијалок со кој можат да се релаксираат, но редовното консумирање високо-калоричен алкохол има штетен ефект врз изгледот на стомакот.

“Алкохолот е непријател на губење на тежината и се покажа дека го зголемува складирањето на маснотиите. Доколку сакате да изгубите тежина или да ја намалите половината, целосно елиминирајте го алкохолот некое време или ограничете се на максимум од 1 до 2 чаши неделно за да видите резултати”, истакнува Вудс.

Елиминирајте ги рафинираните јаглени хидрати и преработените шеќери

Ако сериозно размислувате за намалување на маснотии во стомакот, тогаш треба да ги елиминирате рафинираните јаглени хидрати и преработените шеќери, тврди Вудс. Преработените шеќери се наоѓаат во многу слатки јадења, а главен виновник е шеќерот, кој се скриен во големи количини во готовите десерти .

Примери на рафинирани јаглени хидрати вклучуваат пица, тестенини и бел леб.

Овие состојки придонесуваат за лошо здравје на цревата и често се со многу калории, вели Вудс.

Фокусирајте се на здравјето на цревата

Здравјето на дебелото црево е поврзано со целиот спектар на работи, од тоа како чуваме маснотии, колку се стабилни нашите нивоа на гликоза и како ја обработуваме храната. Сем вели дека треба да обрнеме внимание на здравјето на цревата ако сакаме да ја изгубиме телесната тежина најефикасно. Храната богата со влакна, како и пробиотична храна како јогурт и кисели краставички може да помогнат.

Намалете го стресот

Луѓето го обработуваат стресот на различни начини, но кај некои кои се под стрес може да резултира со прејадување што на крајот доведува до зголемување на телесната тежина. Стресот предизвикува нашите тела да ослободат адреналин и кортизол.

Ако сме под стрес, ние исто така спиеме помалку квалитетно што значи дека имаме малку енергија и веројатно ќе сакаме храна богата со шеќери.

Сем вели дека намалувањето на нивото на стрес е клучно ако сакате да изгубите тежина и им препорача на луѓето да експериментираат со различни видови на техники за намалување на стресот.

Намалете со јаглехидратите

И покрај тоа што никогаш не е паметно да се елиминира целосно една  група на храна од вашата исхрана, Сем вели дека намалувањето на јаглехидратите е одличен начин за губење на тежината, затоа што го принудува телото да добие гориво од други извори, кои обично се полни со масти.

Проверете го внесот на калории

Многу луѓе мислат дека имаат добра диета заснована на здрава храна, но не се свесни за количината што ја јадат, како и за вкупниот број потрошени калории. Најдобар начин за намалување на непотребните калории е да се намалат порциите и да се воведат почести оброци, што ќе го забрза метаболизмот и ќе има позитивен ефект врз  желудникот.