Заменик министерката за образование, Елизабета Наумовска, за ТВ21 изјави дека учениците ќе се вратат во училишните клупи, меѓутоа ќе мора да носат маски и да вршат редовна дезинфекција на рацете. Часовите ќе траат по 20 минути.

Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. Децата со хронични болести наставата ќе ја следат онлајн.

Моделите нема да важат за целата држава, туку ќе се дефинираат според општини и според стапката на заразеност со Ковид 19.

Се изготвуваат протоколи и за средношколците, за патувања од еден во друг град и за сместување во интернати.