Памела Карлан, професорка по право на универзитетот Стенфорд, се обиде да ја истакне разликата помеѓу монархијата и демократските влади кога го спомна синот на Трамп. Таа рече дека претседателот може на својот син да му го даде името Барон, но не може да го прогласи за барон.
Таквиот коментар ја налути сопругата на Трамп, Меланија, која на својот твитер профил напиша: „Малолетно дете заслужува приватност и треба да биде надвор од политика. Памела Карлан, треба да се срамите од вашето многу луто и очигледно пристрасно јавно пандирање, и да користите дете за да го направите тоа“.
Коментарот за синот на Доналд Трамп, 13-годишниот Барон, искажан за време на сослушувањето за отповикување ги налути републиканците, а конзервативните новинари и коментатори исто така ја искористија оваа социјална мрежа за да ја осудат Карлан, но и демократската истрага за отповикување на Трамп.