Водачот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун изјави дека нема да има повеќе војна затоа што нуклеарното оружје на земјата ја гарантира нејзината безбедност и иднина, објавија денес државните медиуми, пренесуваaт агенциите.
Ким ова го изјавил на прославата на 67-годишнината од крајот на војната во Кореја, која траела од 1950 до 1953 година, јавува агенцијата КЦНА.
Тој додаде дека Северна Кореја развила нуклеарно оружје за да добие „апсолутна сила“ и да спречи повторување на вооружениот конфликт.
„Сега сме во состојба да се одбраниме од каква било форма на притисок и воени интензитети од империјалистите и непријателските сили. Благодарение на нашата сигурна и ефикасна нуклеарна сила за самоодбрана, нема да има повеќе војна и безбедноста и иднината на нашата земја ќе бидат цврсто загарантирани“, рече тој.
Во средината на мај, шефот на армиската тајна служба на Северна Кореја беше отпуштен без објаснување, набргу по мистериозното дваесетдневно исчезнување на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
Покрај шефот на военото разузнавање, беше отпуштен и шефот за безбедност на Ким, јавува агенцијата Јонхап.
Расчистување во воената разузнавачка служба следеше по шпекулациите за здравствената состојба на Ким, што дојде откако Ким „исчезна“ од јавноста дваесет дена.