Архиепископот Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА, упати писмо на сострадалност и поткрепа до веселенскиот патријарх Вартоломеј поради промената на статусот на храмот Света Софија во Истанбул, соопшти неговиот Кабинет.
„Споделувајќи ја загриженоста на сиот христијански свет со решението за промена на статусот на храмот посветен на Премудроста Божја – Света Софија, најпрекрасниот украс во христијанската архитектура, изграден од ктиторот – богољубивиот и свет цар Јустинијан, роден на македонските простори, во денешен Таор, Скопско, поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот г. г. Стефан, од името на полнотата на нашата Помесна Црква, испрати писмо на сострадалност и поткрепа до Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх, г. г. Вартоломеј“, се вели во соопштението од Кабинетот на поглаварот.
Како што стои во соопштението, тој во писмото „со длабока огорченост, силна нажаленост и голема вознемиреност истакнал дека ваквиот чин потсетува на некои други времиња коишто современиот свет и култура со право ги сметаше, а и треба да ги смета, за темно минато.