Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенз“ ќе повлече околу 155.000 автомобили од пазарот заради проблеми со клима уредите и системите за спречување на пролизгување ЕСП, изјави Дајмлер АГ, сопственик на „Мерцедес“.
Како што беше најавено, околу 135.000 возила од А-класата ќе бидат повлечени од пазарот заради можни проблеми со клима уредите, пренесуваат агенциите.
Објаснето е дека цевката за кондензација на вода на овој модел, произведена помеѓу септември 2017 и февруари 2019 година, може да биде лошо поставена, така што водата би можела да навлезе во внатрешноста на автомобилот.
Уште 20.000 луксузни и спортски автомобили на Мерцедес од подружницата на АМГ ќе бидат повлечени од пазарот заради можни проблеми во функционирањето на системот ЕСП.
„Проблематичните“ возила на AMG вклучуваат „C-Class“, „GLC“ и „supersport AMG GT“, се вели во соопштението на Дајмлер.
Наводно има околу 3.900 автомобили во Германија со таква грешка.
Портпарол на компанијата изјави дека и во двата случаи малите дефекти ќе се поправат за околу половина час.
Приближно 26.800 автомобили со евентуална грешка биле регистрирани во Германија, а остатокот во странство.