Факултетот за електротехника при Универзитетот во Љубљана, доделува Водовникова награда на Сретен Давидов, доктор на науки. Наградата е за неговиот докторат од областа на подрачјето на електромобилноста, односно признание за квалитетот на докторатот, неговата препознатливост и убедливост за ова подрачје. Тој е инаку по потекло од Неготино, Македонија.

Наградата ќе му биде доделена на 19-ти овој месец, на свечената приредба по повод сто години од основањето на Универзитетот.

Давидов, во нашава земјава беше добитник на наградата за најдобар млад научник за 2017 година. Во моментов работи во Службата за технолошки развој на Електро Љубљана, словенечката Електродистрибуција.