Шведскиот модел за борба против КОВИД-19 не успеа

Шведскиот пристап во борбата  КОВИД-19 не успеа. Фактот на кој тие се надеваа дека стекнувањето „имунитет на стадо“ ќе го запре вирусот, очигледно не функционира. Ова е заклучокот на 25 шведски лекари и научници, чие мислење го пренесе „USA Today“.

Се потсетува дека Шведска го привлече вниманието на светот за време на пандемијата на коронавирусот заради нејзиниот „мек“ пристап во борбата против смртоносниот вирус – беа одбиени вонредни рестриктивни мерки и беа препорачани самоиницијативни ограничувања и употреба на маски.

Овој пристап беше оценет како либерален, а за време на американските протести беа видени натписите „Ајде да бидеме како Шведска“, иако беше јасно дека каде и да се применат поблаги мерки, стапката на смртност е поголема.

Мотивите за одлуката на Шведската агенција за јавно здравје да примени „мек“ пристап и денес сè уште се делумно мистерија.

Некои други земји, кои првично ја користеа оваа стратегија, ја напуштија затоа што се зголеми бројот на починати, но Шведска остана верна на својот модел, а прашањето е – зошто?

За да се здобијат со колективен имунитет, треба да се зарази голем дел од населението, по можност помлади лица.

Сепак, ова не беше официјална цел на Шведската агенција за јавно здравје, но официјално беше наведено јавно дека овој вид имунитет може да помогне во сузбивање на ширењето на болеста, така што сè укажува на тоа дека тоа било целта што агенцијата сакала да ја постигне.

Друг доказ како поддршка на ова е дека агенцијата инсистира на задолжително школување на децата од пониските одделенија, дека веќе подолго време ја минимизира важноста на тестирањето и дека одбила да ја признае важноста на асимптоматското ширење на вирусот.

Оваа јавна здравствена установа сè уште не препорачува да се носат маски во јавноста, и покрај сите докази за нивната ефикасност.

Некои организации, како што е Светската здравствена организација, го осудија „имунитетот на стадо“ како стратегија, а извршниот директор на здравствената програма на СЗО, д-р. Мајк Рајан изјавил во мај дека овој пристап може да предизвика брутална аритметика и доведе до заклучок дека не е придадена никаква важност на човековите животи и страдањата на луѓето.

Дали „имунитетот на стадо“ е цел или несакан ефект на шведската стратегија, фактите и постигнатите резултати остануваат многу лоши.

Според агенцијата, се проценува дека помалку од 10 проценти од Швеѓаните имаат антитела на коронавирусот, па затоа идејата за колективниот имунитет не успеа.

Бројот на починати е поголем во Шведска отколку во Соединетите држави: на 20 јули имало 556 смртни случаи на милиони жители, а 425 во САД.

Во оваа земја, исто така, починаа четири пати повеќе луѓе отколку во сите други нордиски земји заедно, а веќе неколку недели Шведска е меѓу водечките земји во светот кога станува збор за стапката на смртност.

И покрај сето ова, стратегијата на државата, останува иста.

Можеби неподготвеноста да се признае грешка и да се преземе одговорност за илјадници смртни случаи е главната причина зошто постои отпор кон фундаменталните промени.

„Во Шведска, оваа стратегија доведе до смрт, страдање и тага и пред сè – нема индикации дека националната економија помина подобро отколку во другите земји. Во моментов, ние на остатокот од светот му оставивме само пример како да не се бори против смртоносно заразната болест“, рекоа шведските научници.