Денес напладне ќе биде објавена листата на кандидати за претседател на Република Хрватска, кој ќе се избира на 22 декември.

Потписи за поддршка се поднесени од 12 кандидати, а Слободан Миџиќ кој поднесе до ДИК само еден потпис за поддршка , односно само свој потпис, очекувано е да биде одбиен.

Кандидатури со доволен број потписи поднеле актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, Зоран Милановиќ, Мирослав Шкоро, Мислав Колакушиќ, Дејан Ковач, Катарина Пеовиќ, Анто Ѓапиќ, Дарио Јуричан, Иван Пернар, Далија Орешковиќ, Недељко Бабиќ.

Досега во кампањата, најмногу пари потрошиле Колинда Грабар-Китаровиќ, Мирослав Шкоро и Зоран Милановиќ.