Во вторникот вечерта дошло до заострување на тензиите меѓу Грција и Турција во Средоземното море околу малиот остров Кастелоризо. Повикот на Ангела Меркел спречил војна – „буквално во последната минута“, пишува германскиот таблоид Билд.
Билд наведува дека причина за конфликтот се пробните дупчења во потрага за нафта и гас, кои ги врши Турција во непосредна близина на грчките води, а на кои пак Грција го гледа како на „исклучиво нејзина економска зона“. Германскиот најтиражен дневен весник дознава и дека „поради тоа во вторникот приквечерина 18 турски воени брода биле на пат кон островот“ и оти Грција ја ставила својата армија во целосна борбена готовност.
Германската канцеларка Ангела Меркел прво телефонирала со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Резултат бил тој да Турција повлекла 16 од своите воени бродови, но сепак оставила два во близината на островот.