Откако во неделата интернет просторот беше преплавен со реакции за објавите на познатата англиска пејачка со косовско потекло, Дуа Липа која сподели географска карта на „голема Албанија“, идеја коа се родила во време на фашистичко уредување и која и денес служи како алатка за провокации, видни организации со кои Липа соработувала беа повикани да го осудат ваквиот чекор.

Имено, наспроти популарното верување дека Липа е амбасадор на УНИЦЕФ, од организацијата одговорија дека сепак пејачката „не е официјално амбасадор, туку била еднократно ангажирана за проектот за деца – бегалци во Сирија“.

Од организацијата нагласуваат дека се благодарни на целата јавност што им го посочиле овој проблем за во иднина да ги бираат повнимателно партерите со кои би соработувале.

Во продолжение, од организацијата нагласуваат дека се надеваат дека „некој кој промовира насилство и фашистички идеи против други земји што може да резултира со илјадници деца бегалци, нема да има во иднина можност да се залага и да промовира мир“.