Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа предизвика низа реакции на социјалните мрежи, откако објави фотографија од Голема Албанија.
На знамето беше прикажана територијата на т.н. Голема Албанија, со Косово, делови од Србија, Црна Гора, Грција и од Македонија.
„Ав – тох – тон, придавка (на жител на место) домороден наместо да потекнува од мигранти или колонисти“, твитна 24-годишната музичка ѕвезда за своите повеќе од пет милиони следбеници на Твитер и речиси 50 милиони следбеници на Инстаграм.
Нејзината провокација, исто како и претходната, наиде на лавина од коментари и отвори нови препукувања меѓу корисниците.
Нејзината провокација, исто како и претходната, наиде на доста коментари и отвори нови препукувања меѓу корисниците.
Родителите на Дуа Липа во 1992 година се преселиле од Приштина во Лондон, каде што таа се родила три години подоцна. Иако е израсната во Англија, ова не е првпат пејачката да ги изнесува своите погледи за состојбата на Балканот.