Најмалку 58 лица се мртви, откако бродот што превезувал мигранти потонал додека се приближувал до брегот на Мавританија, соопштува Агенцијата за миграција на ОН
Осумдесет и три од мигрантите испливале на брегот и добиле помош од властите во Мавританија, Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и УНХЦР. Тие рекле дека гориво на бродот било при крај кога се приближувале до северозападната африканска држава. Преживеаните велат дека бродот тргнал од Гамбија пред седум дена. Тие наведуваат дека на бродот имало жени и деца.
Повредените се пренесени во градската болница. Властите на Мавританија се координираат со конзуларните служби во Гамбија за да обезбедат неопходна поддршка на мигрантите додека се во Ноадибу и амбасадорот на Гамбија ќе допатува во градот.