Денес, како и во следните неколку денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, ветерот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на значителен пораст и особено на средината од оваа недела ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36, 37 степени.