Епидемиологот Драган Даниловски вели дека мора да се врати полицискиот час во земјава, но не и целосен карантин на цела држава. Кластерот избори почува да ги дава првите изборни бројки на нови случаи со коронавирусот. Предизборните собири и постизборните прослави ќе ни се удрат од глава, вели Даниловски во интервју за ТВ 24. Според него, единствено носењето на маска од страна на сите може да помогне во стопирање на кризата со коронавирусот.

Целосен карантин, според Даниловски, не доаѓа во предвид, но ноќен полициски час мора да се воведе, поради неодговорноста на младите.

Даниловски смета дека градинките може да се отворат, но само и доколку граѓаните строго се придржуваат до меркита за заштита,тој ги повика и градоначалниците да преку своите општини воведат редари кои ќе се грижат за контрола врз придржување на мерките.