Намалувањето на холесеролот помага во намалување на ризикот од кариоваскуларни заболувања

Намалувањето на холестеролот кај лица под 45-годишна возраст може да помогне во намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни заболувања и мозочен удар подоцна во животот, се вели во студијата во голема мерка, цитирана од францускиот печат.

Експертите анализирале податоци за над 400.000 луѓе во 19 западни земји во текот на долг период, во некои случаи и 43 години. Резултатите ја потврдија врската помеѓу високиот холестерол и зголемениот ризик од кардиоваскуларни заболувања на долг рок. Исто така, откриено е дека ризикот е поголем за лицата под 45 години отколку за 60 години.

Жените на возраст под 45 години со 1,45-1,85 грама холестерол на литар крв и најмалку два фактори на ризик поврзани со кардиоваскуларни заболувања – дебелина, дијабетес, висок крвен притисок, пушење се со 16 проценти веројатност за кардиоваскуларен проблем пред да наполнат 75 години. Кај жените  на 60 години и постари со исто ниво на холестерол и исти фактори на ризик, ризикот е 12 проценти.

За мажите, веројатноста е 29% и 21%, соодветно.

Користејќи ги статистичките модели, истражувачите откриле дека доколку нивото на лош холестерол се намали со внесот на статин, ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај жените ќе се спушти на 4 проценти, а кај мажите на 6 проценти.

„Резултатите потврдуваат дека контролирањето на нивото на холестерол порано во животот може да биде покорисно отколку кај постарите лица“, рече експертот Пол Лесон од универзитетот Оксфорд.

Резултатите од студијата беа објавени во списанието Лансет.