Венецијанската комисија утре ќе одлучува за Законот за јазиците

Венецијанската Комисија утре на 121та пленарна сесија ќе одлучува за мислењето за Законот за јазиците.

Оваа точка е ставена како 12та на пленарната сесија, а од Македонија е поканет вицепремиерот Бујар Османи кој треба да даде образложение по повод нацрт мислењето на законот.

Вицепремиерот Бујар Омани напиша на фејсбук:

„На пат за Венеција, на сесија на Венецијанската комисија каде ќе се оценува Законот за употреба на јазиците. Во име на Владата ќе го претставам ставот дека законот е автентична рефлексија на Рамковниот Договор но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава.“

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2620026081422684&id=445469652211682