Најмладиот пациент кој е поставен на респиратор во ГОБ 8ми Септември, заболен со ковид-19 е момче на 22 годишна возраст со Даунов синдорм  кој завршил во Ковид центарот пред три дена. Синоќа поради нагло влошување на здравствената состојба лекарите морале да го приклучат на машина. Директорот на болницата вели дека на одделот за интензивна нега за живот се борат и уште двајца помлади пациенти со позитивен тест на вирусот, кај кои поради претходни заболувања дошло до компликација на состојбата.

-Имаме млади со коморбидитети, 45 годишен веќе 6 дена е на респиратор, 35 годишна пациентка со обезитос, таа 5 дена е на респиратор со пневмонија, примен иво тешка состојба. Значи оние кои доцна доаѓаат во болница во многу тешка оссотојба, многу се мали шансите на лекарите да ги спасат, вели др. Христијан Костов, директор на ГОБ 8ми септември.

Во ГОБ 8ми септември во моментот има 91 хоспитализиран пациент со Ковид 19 од кои 9 се на механичка вентилација а 70 на кислород. Лекарите апелираат заразените да не чекаат влошување на здравствената состојба па тогаш да одат во болница.

-Апелирам до граѓаните да не чекаат и да не седат дома без лекарски третман, бидејќи потоа е касно, вели Костов.

Болницата откако стана Ковид Центар трошат кислород петпати повеќе од порано, или една цистерна на 2 дена.

Повеќе од 30 заразени со корона вирусот има и во детската болница во Козле која е втор Ковид центар. Од нив 10 се деца кои според лекарите немаат сериозни компликации од вирусот. Околу 80 пациенти се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести и уште 200 позитивни и сомнителни на вирусот се на болнички третман во болниците во Штип, Битола, Велес, Охрид, Струга, Тетово, Прилеп, Куманово, Гостивар и Струмица.