Северна Кореја развива вакцина против коронавирусот, објави Комисијата за наука и технологија во Пјонгјанг.
Според извештајот објавен на веб-страницата на таа институција, научниците во моментов спроведуваат клинички испитувања, пренесува Танјуг.
Се додава дека работата на вакцината ја води Академијата за медицински науки, користејќи ензим 2 за претворање на ангиотензин 2 (ACE2).
Во соопштението се вели дека за време на истражувањето, кое започна овој месец со тестирање на животни, потврдена е имуногеност и безбедност на потенцијалната вакцина, јавува јужнокорејската агенција Јонхап.
Наведено е дека научниците во моментов размислуваат за почетокот на третата фаза на истражување.
Северна Кореја нема пријавено ниту еден случај на коронавирус од почетокот на пандемијата.