Вчера, до Државната изборна комисија (ДИК) пристигнале 82 приговори и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

Најголем број од приговорите, – 74, се од Алијанса за Албанците, а има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето, информираат од ДИК.

Приговори може да се поднесуваат до 19 часот и 30 минути вечерва, за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори.

По завршувањето на роковите, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, соопшти вчера претседателот на ДИК, Оливер Деркоски