Протест пред Влада против отварање на рудник во струмичко – се бара одземање на концесијата

На  владина седница  веднаш да се  одземе  концесијата и дозволат за отварање на рудникот Иловица во селото Штука, струмичко , да не  се чека техничката влада е едно од барањата  на  жителите  на Штука и активисти кои излегоа пред Владата за уште еднаш  да укажат на власта  дека нема да дозволат рудникот да почне со работа.

Жителите рекоа дека се плашат за нивните семејства затоа што се вршат големи притисоци врз селаните.

Активистите и локалното население во јули оваа година организираа блокади кои траеа три недели. Во изјави премиерот Заев на неколку наврати изјавува дека на Владата и е најбитно здравјето на жителите. Од компанијата неодамна поднесоа тужба до Управниот суд против решението со кое второстепената државна комисија одлучи дека тие немаат право да вадат руда на местото каде што се планираше да никне рудникот во Иловица. Во своето писмено соопштение до јавноста од компанијата потенцират дека досега Еуромакс има инвестирано над 50 милиони евра во истражувањето и дефинирањето на проектот Иловица-Штука и тврдат дека рудникот нема да ја намали водата за пиење и нема да загадува.