„Спутник“ објави дека новата вакцина против коронавирусот во Русија беше тестирана на првите 18 доброволци, а тие сега се пуштени од болница затоа што се чувствуваат добро..

Со позитивни резултати и имунитет на коронавирусот, учесниците на тестот се испратени дома од воената болница „Бурденко“.

Првата група на доброволци се состоеше од две подгрупи: првата подгрупа ја прими првата компонента, а втората подгрупа втората компонента на вакцината, и денес, конечно, 28 дена по вакцинацијата, тие се пуштени од болницата, пренесува „Спутник“.