Откако директорот на зоолошката градина во Скопје како и член на ИК на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски, напиша на својот фејсбук профил да се шкртне „Северна“ од гласачкото ливче, тој бил повикан на разговор во Секторот за економски криминал во МВР, потврдуваат од полицијата.

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Слајанка Петровска, објави на фејсбук дека станува збор за шеговити постови во кои нема кривично дело и токму тоа е евидентирано од страна на полициските службеници.

„Нема да дозволам лаги и невистини да се шират, ниту пак да се гуши слободата на било каков начин. Живееме во демократска држава во која слободата на изразување не е кривично дело. Така и ќе остане“, напиша Петровска.