Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на својот фејсбук профил објави дека Владата врши изборен поткуп.

-Владата предводена од Оливер Спасовски се подготвува за изборен поткуп и во таа насока денес, во момент кога дел од граѓаните го остваруваат гласачкото право, беа поништени 20 решенија и наредби за распоредување на вработени во Министерството за внатрешни работи, а потпишани од моја страна. Ова е сериозен индикатор дека владејачката СДСМ подготвува сценарио за изборен криминал со поткупување на гласачи и изборни нерегуларности. Но, ова сценарио нема да им помине.

-Колку и да сакаат да сокријат, повеќе од јасно е дека поткуп има во Штип со личните карти, вчера во Дојран претставници на СДСМ се фатени како поткупуваат гласачи, а во тек е оперативно постапување и за други случаи. Ова покажува дека високи функционери на СДСМ се инволвирани во изборен поткуп.

❗️Владата предводена од Оливер Спасовски се подготвува за изборен поткуп и во таа насока денес, во момент кога дел од…

Posted by Наќе Чулев on Monday, July 13, 2020