Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека бројот на смртни случаи кај лицата со Ковид-19 во Русија е многу помал отколку во другите земји, јави ТАСС.

„Бројот на починати во Русија на примерок од 100.000 пациенти заболени од коронавирус е помал отколку во другите земји, вклучително и земји од ЕУ со развиени здравствени системи“, рече рускиот претседател.

Тој посочи дека бројот на новозаразени се стабилизира и не расте, а бројот на пациенти кои закрепнале расте од ден на ден.