Вашите бели дробови имаат скоро „волшебна“ способност да ги корегираат канцерогените мутации предизвикани од пушењето – но само ако престанете да пушите, велат научниците.
До сега, се сметаше дека мутациите што водат до карцином на белите дробови се постојани и остануваат такви дури и ако се запре пушењето. Но, изненадувачкото откритие, објавено во списанието „Nature“, покажува дека тие неколку клетки кои избегнуваат оштетување, можат да ги „поправат“ белите дробови.
Овој ефект е забележан и кај пациенти кои пушеле по едно пакување цигари дневно 40 години пред да се откажат.
Илјадници хемикалии во чадот од цигари предизвикуваат промени во структурата на ДНК во клетките на белите дробови, полека ги трансформираат од здрави во канцерогени.
Повеќето клетки земени од дишните патишта на пушачот биле мутирани од тутунот и содржеле до 10,000 промени.
„Тие можат да се сметаат за минијатурни временски бомби кои чекаат за следниот удар што ќе ги охрабри да се претворат во карцином“, вели д-р. Кејт Гоурс, една од научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL).
Но, мал дел од клетките остануваат недопрени.
Не е јасно како да се избегне генетското уништување предизвикано од пушењето, но научниците велат дека изгледа дека тие преживуваат во еден вид бункер.
Откако некое лице ќе престане да пуши, овие клетки растат и ги заменуваат оштетените клетки на белите дробови.
Кај луѓето кои престанале да пушат до 40 проценти од нивните клетки изгледаат исто како кај луѓето кои никогаш не пушеле.
„Бевме целосно подготвени за такво откритие“, рече д-р. Питер Кембел од Институтот Сангер, кој додаде: „Постојат ќелии кои на некој начин магично ја регенерираат поставата на дишните патишта“.
Една од неверојатните работи беа пациентите кои престанаа да пушат дури и по 40 години пушење и чии ќелии кои беа под влијание на тутунот беа обновени.
Научниците допрва треба да утврдат колкав дел од белите дробови се регенерира.
Студијата се фокусираше на главните дишни патишта, а не на малите алвеоли, преку кои кислородот се носи од воздухот до белите дробови.
Приближно три четвртини од случаите на рак на белите дробови се предизвикани од пушење.
Претходните истражувања покажаа дека ризикот од карцином на белите дробови се намалува скоро од денот кога луѓето престануваат да пушат, а се претпоставуваше дека тоа е затоа што со престанокот на пушењето, престануваат понатамошните мутации предизвикани од тоа.