Проект „ОБНОВА“: Развиена и функционална инфраструктура

МЕРКА 1. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СИТЕ ДРЖАВНИ ПАТИШТА ВО СОГЛАСНОСТ СО СТЕПЕНОТ НА ОШТЕТЕНОСТ НА ПАТОТ И ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА.

Ќе бидат изградени многу нови патни правциво сите региони од земјата. Како клучни проекти во новата програма се:

  • Завршување со изградба на автопатот Кичево – Охрид Буџет: обезбеден.
  • Завршување со изградба на првиот дел од 2км и допроектирање и изградба на преостанатиот дел од 11 км од автопатот Скопје-Блаце Буџет: 6,7 милијарди денари.
  • Завршување со изработката на проектна документација за автопат Гостивар – Кичево и разгледување на можностите за финансирање на неговата изградба Буџет за изградба: 21,5 милијарди денари.
  • Завршување со изработката на проектна документација за автопат Требеништа-Струга и разгледување на можностите за финансирање на неговата изградба Буџет за изградба: 2,7 милијарди денари.
  • Изработка на проектна документација за изградба на автопат од Катланово до Велес и разгледување на можностите за финансирање на неговата изградба Буџет: 8,9 милијарди денари.
  • Проширување на патот од Тетово до Гостивар со што би добиле современ автопат Буџет: 3,7 милијарди денари.
  • Изградба на автопат Прилеп-Битола и експресен пат до граничен премин Меџитлија Буџет: 4,9 милијарди денари.
  • Завршување со изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп
  • Изработка на нова проектна документација, а потоа и разгледување на можностите за финансирање на изградба на експресен пат од Струмица до Смоквица
  • Реконструкција на експресен пат од Струмица до граница со Бугарија
  • Изградба на експресен пат од Ранковце до Крива Паланка Буџет: 4,8 милијарди денари.
  • Завршување со изградба на експресен пат Штип-Кочани Буџет: обезбеден.
  • Довршување со изградба на експресен пат Штип-Радовиш Буџет: обезбеден.
  • Разгледување на можноста за поврзување на Македонија со Република Бугарија преку граничниот премин кај Делчево, во рамките на Коридорот 8А, во соработка со Република Бугарија
  • Завршување на проектна задача за изградба на регионален пат од с. Извор (Кичево) до Бошков мост (Дебар)

МЕРКА 2. СИЛНА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО СЕКОЈА ОПШТИНА ВО МАКЕДОНИЈА

Ќе се изврши реконструкција, рехабилитација и проширување на најмалку 1000 километри магистрални, регионални и локални патишта. Притоа на истите ќе се постави хоризонтална, вертикална и светлосна сигнализација.

ПРОЕКТ 1: изградба на објекти од значење за град скопје

  • изградба на жичарница од подножјето на Водно до Средно Водно.
  • Изградба на пречистителна станица за град Скопје, наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачје на општините во град Скопје.

ПРОЕКТ 2: изградба на паркови, спортски игралишта и уредување на јавните површини

ПРОЕКТ 3: урбана шума

МЕРКА 3. ПОЕФИКАСЕН И ПОБЕЗБЕДЕН ТРАНСПОРТ

ПРОЕКТ 1: политики и мерки за поефикасен и побезбеден транспорт

ПРОЕКТ 2. Новинтегриран систем за јавен транспорт на македонија

МЕРКА 4. ЕКО МЕРКИ ЗА СООБРАЌАЈ ВО ФУНКЦИЈА НА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА

ПРОЕКТ 1: ќе се изработи правилник со кој секој паркинг во македонија, кој го стопанисуваат државни или општински институции или компании во приватниот сектор, ќе има најмалку 5% паркинг места наменети за електрични возила и исто толку полначи за електрични возила.

ПРОЕКТ 2: субвенционирање на трошоците за регистрација на ново електрично возило

ПРОЕКТ 3: бесплатен wi-fi на автопатски делници (хот спот паркинг)

ПРОЕКТ 4: државни регионални велосипедски патеки

МЕРКА 5. ИНВЕСТИЦИИ ВО ПОДОБРА ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА И СООБРАЌАЈ ПРОЕКТ 1: ЗАВРШУВАЊЕ НА ИЗГРАДБАТА НА ПРУГА КУМАНОВО-БЕЉАКОВЦЕ.

ПРОЕКТ 2: Изградба на пруга Бељаковце – Крива Паланка – Деве Баир

ПРОЕКТ 3: набавка на нови возови

ПРОЕКТ 4:генерален ремонт и модернизација на постојните локомотиви

ПРОЕКТ 5: електрификација на пругата велес – битола до границата со грција

ПРОЕКТ 6: бесплатен интернет во возовите

ПРОЕКТ 7: воведување мобилна и веб апликација за следење на рутата на движење на возовите преку gps

ПРОЕКТ 8: изработка на проектна документација за изградба и надзор на железнички крак миладиновци – индустриска зона Бунарџик

ПРОЕКТ 9: изработка на проектна документација за изградба и надзор на железнички крак Илинден – меѓународен аеродром Скопје

ПРОЕКТ 10: изработка на проектна документација за реконструкција на железничките премини, со што директно ќе се зголеми безбедноста во железничкиот сообраќај

МЕРКА 5. ИНВЕСТИЦИИ ВО ПОДОБРА КОМУНАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 100 милиони евра за финансиски да ги поддржи сите општини да преземат конкретни мерки за проектирање и изведба на водоводни, атмосферски и фекални канализациски системи.

МЕРКА 6. ГРАДЕЖНИШТВО И УРБАНИЗАМ

ПРОЕКТ 1: е-простор

ПРОЕКТ 2: тарифник за инженерски услуги

ПРОЕКТ 3: завршување на постапките за приватизација на градежното земјиште во државна сопственост

МЕРКА 7. МОДЕРНИЗАЦИЈА НА КАТАСТАРОТ

ПРОЕКТ 1: бесплатни електронски податоци

ПРОЕКТ 2: продолжување со проектот масовна процена

ПРОЕКТ 3: запишување на сертификатот за енергетска ефикасност во имотен лист

ПРОЕКТ 4: поврзување на системот за издавање градежни дозволи кој го користат општините со електронскиот шалтер на агенцијата за катастар на недвижности

 

МЕРКА 8. ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СТАНБЕНАТА ИЗГРАДБА

ПРОЕКТ 1: станови и куќи за станбено необезбедени лица (млади брачни двојки, лица со посебни потреби, самохрани родителии други лица)

ПРОЕКТ 2: завршување на процесот за продажба на општествени станови

 

МЕРКА 9. ПОДОБРУВАЊЕ НА АВИОНСКИОТ СООБРАЌАЈ

ПРОЕКТ 1: евтини летови за македонските граѓани

ПРОЕКТ 2: центарот за обука на пилоти на арм/мвр да се прошири и за пилоти на авиопревозници т.н атпл (airline transport pilot license – atpl), комерцијални пилоти и контролори на летање преку договор за јавно приватно партнерство

ПРОЕКТ 3: спровдување на постапка преку објавување на јавен повик за јавно приватно партнерство за изградба на центар за одржување на воздухоплови

ПРОЕКТ 4: модернизација на спортски аеродроми и поддршка на спортското воздухопловство како база за развој на авијацијата и туризмот.

 

МЕРКА 10. ПОДОБРУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА – КАПЕТАНИЈА НА ПРИСТАНИШТАТА

ПРОЕКТ 1: преземање на активности за чистење на езерското дно на охридското, преспанското и дојранското езеро

ПРОЕКТ 2: набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крајбрежје.

ПРОЕКТ 3: реконструкција, санација и доизградба на пристаништата во охридското езеро.

 

МЕРКА 11. ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОШТЕНСКИОТ СООБРАЌАЈ

ПРОЕКТ 1: зајакнување на капацитетите на македонски пошти

ПРОЕКТ 2: набавка на нови електрични возила, мопеди и велосипеди за пошторазнесувачите за достава на пратки

Прочитајте повеќе за мерките и проектите во Проект „Обнова“

 

Нарачател:

ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“