Владата предводена од ВМРО-ДМПНЕ ќе посвети значителни напори во градење на национален иновативен систем (НИС) кој преку јасно дефинирани политики и конкретни мерки ќе го поттикнува и поддржува развојот на нови иновативни бизниси. Технолошкиот развој на земјата мора да се забрза преку зајакнување на научно-истражувачките, претприемачките и иновациските капацитети на сите чинители. Дополнително, значително внимание ќе биде насочено кон надградување и унапредување на ИКТ еко системот, кој би придонел за натамошно зголемување на продуктивноста и платите во секторот, како и за зголемување на неговата конкурентност во регионот и на глобалните пазари на ИКТ услуги. Со цел подобрување на иновациските перформанси на земјата и креирање на поволни услови за трансфер на технологија и знаење како основа за подобрување на конкурентноста на македонската економија се предвидени конкретни мерки и проекти.
МЕРКА 1. ГРАДЕЊЕ НА МОДЕРЕН НАЦИОНАЛЕН ИНОВАЦИСКИ СИСТЕМ
Се обврзуваме да изградиме модерен национален иновациски систем. Целта на овој систем е обезбедување на најдобри услови за зголемување на креативноста и претприемачкиот дух на младите луѓе и таленти во земјата, како и развивање и имплементирање на нови бизнис-идеи и забрзување на технолошкиот развој.
ПРОЕКТ 1. Формирање на иновациски и ит зони
Овие зони ќе овозможат јакнење на иновацискиот и ИКТ еко системот преку концентрација на талент, даночни ослободувања, пристап до капитал и информации. Зоните ќе нудат даночни и инфраструктурни поволности за млади и креативни таленти кои имаат бизнис-идеи со цел нивна реализација преку отпочнување на старт ап бизниси.
ПРОЕКТ 2. Проектирање и изградба на современ иновациски и икт парк
Во рамките на иновациската и ИТ зона која ќе биде креирана во Скопје, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе проектира и изгради модерна инфраструктура (паметна зграда) со најсовремена опрема од таков тип во која ќе бидат лоцирани сите државни чинители кои се дел од таквиот национален иновативен систем, како што се: Фонд за иновации и технолошки развој, Агенција за поддршка на МСП и претприемништво, развојно-истражувачки одделенија, технолошки паркови, бизнис-инкубатори, центри за обука и сл.
ПРОЕКТ 3. Формирање на национален институт за иновации и трансфер на технологија
Во рамките на иновациската и ИТ зона која ќе биде основана во Скопје ќе се формира Национален институт за иновации и трансфер на технологија. Институтот ќе биде главниот столб на кој ќе почива НИС и во него ќе се вработат млади талентирани истражувачи, научници, и експерти од областа на иновациите и трансфер на технологија кои треба да бидат вистински сервис на МСП иновативни компании (газели и старт апи).
ПРОЕКТ 4. Зајакнување на институционалните и финансиските капацитети на ФИТР
МЕРКА 2. ЈАКНЕЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ИКТ СЕКТОРОТ
ИКТ секторот во Репубилкиа Македонија бележи извонреден раст со години наназад како резултат на висококвалификуваниот и конкурентен кадар. Во изминатава декада уделот на ИКТ секторот во севкупниот извоз на државата се зголемува од година во година, а просечната плата бележи раст на месечно ниво, што меѓу другото е индикатор на растечката продуктивност во секторот. Покрај задржувањето на поволната даночна клима, сметаме дека од исклучителна важност е помошта за унапредување на ИКТ еко системот во Македонија, кој би придонел за понатамошно зголемување на продуктивноста и платите во секторот, како и во неговата конкурентоност во регионот и на глобалните пазари на ИКТ услуги.
ПРОЕКТ 1. Стимулирање на домашните претпријатија за користење на услуги од домашните икт компании
ПРОЕКТ 2. Стимулирање на бизнис-едукација помеѓу професионалците во икт секторот
ПРОЕКТ 3. Промовирање на домашните икт компании на глобалниот пазар
МЕРКА 3. ФОРМИРАЊЕ НА АКАДЕМИИ ЗА МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
Овие академии за млади претприемачи ќе бидат формирани низ повеќе градови низ земјата преку јавно-приватно партнерсто со цел градење на една образовна платформа која ќе им овозможи на младите средношколци и студенти да се изградат во вистински претприемачи по завршување на нивното образование.
Прочитајте повеќе за мерките и проектите во Проект „Обнова“
Нарачател:
ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“