„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоран Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во Алијансата. Благодарам за продуктивната дискусија за важноста на НАТО и можностите за зајакнување на инвестициите меѓу двете земји“, напиша Трудо на Твитер.

Премиерот Зоран Заев на маргините на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон, оствари средби со премиерите на Канада и Шпанија, Џастин Трудо и Педро Санчез и со германската канцеларка Ангела Меркел.