И покрај тоа што во последнава деценија луѓето значително повеќе обрнуваат внимание на здравата исхрана, експертите се согласуваат дека на многумина им недостигаат неопходни витамини и минерали.
Замор
Ако често се чувствувате уморни и без енергија, веројатно ви недостига железо. Други симптоми при недостаток на железо се – лоша концентрација, слаб апетит, проблематична кожа, темни подочници.
Железото, освен преку суплементи, може да го добиете со конзумирање на црвено месо, јајца, зелен зеленчук, и витамин Ц кој помага во апсорпцијата, па добра идеја е со оброкот да испиете свеж сок од лимон или портокал.
Чувствителна кожа
Обично е последица на недостаток на цинк. Други симпотми при недостаток на цинк се – бавно зараснување на раните и бели точки на ноктите.
Добри извори на цинк се : Бадемите и лешниците, семките, интегралните житарки, сардини и црвеното месо.
Болен јазик
Сигурно ви недостига витаминот Б12. Други симптоми при недостаток на Б12 се – сува кожа околу усните и носот.
Одлични извори на овој витамин се млекото, јајцата и оризот.
Болки во грбот и во нозете
Знак е за недостаток на витамин Д.
Други симптоми при недостаток на витамин Д се: болка во колковите, отежнато движење.
Добри извори на витамин Д се: сончање и престој на отворено.
Чести инфекции
Веројатно ви недостига селен.
Други симпотми: Често заболување и болки. Добри извори на селен се оревите, лешниците и бадемите, лукот, печурките и јајцата.
Анксиозност
Често е последица на недостаток на магнезиум. Други симптоми се лесната иритација и нервоза.
Добри извори на магнезиум се: спанаќот, бадемите и леб од интегрални житарки.
Ранички во устата
Ви недостига витамин А. Чести симпотми се и честите настинки, првутот и сувата кожа. Добри извори на витамин А се: џигерот, јајцата, сирењето и јогуртот.