Владата на ВМРО ДПМНЕ се обврзува дека ќе ги олесни административните процедури со кои се соочуваат домашните компании со цел поефикасно пласирање на своите производи и услуги на домашниот пазар, а особено во насока на олеснување на процедурите за извоз на европските и светските пазари.

За таа цел, се предвидува основање на централна канцеларија, преку искористување на веќе постоечки административни ресурси, која ќе ги сервисира сите барања на бизнис-заедницата, а воедно ќе се врши и нивна континуирана едукација за примена на процедурите за производство и пласман на нивните производи на националниот и меѓународните пазари. Извозната конкурентност е од големо значење за домашната индустрија и целокупната економија.

ПРОЕКТ 1. ОСНОВАЊЕ НА „ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА“

Центарот за поддршка на бизнис-заедницата ќе има за цел да им помогне на компаниите кои работат на домашниот пазар или се извозно ориентирани компании, на едно место да ги добијат информациите за потребната документација за производство, пласман или извоз на производот, како и администрирање на истата.

Центарот за поддршка на бизнис-заедницата ќе биде од особено значење за малите и средни претпријатија (МСП) во насока на олеснување на нивните бизниси преку намалување на административните процедури и поддршка во обезбедување на соодветни стандарди за квалитет со цел настап на странски пазари.

Исто така, Центарот за поддршка на бизнис-заедницата преку едукација на компаниите ќе се грижи за поголемо искористување на сопствените ресурси и ќе настојува да се подобри квалитетот и конкурентност на домашните производи.

Рок на реалзиација октомври 2020 година.

Повеќе за мерките и проектите во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Обнова на Македонија“

Нарачател: ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“