Италија забрани влез на македонски државјани

Италија воведува забрана за влегување на нејзината територија за патници кои доаѓаат од земјите со висок број на заболени од коронавирус. Меѓу нив се наоѓа и нашата земја.

На списокот, составен од Министерството за здравство на Италија се: Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.

– Забраната се однесува на сите што престојувале во тие земји или поминале низ нив во изминатите 14 дена, изјави министерот за здравство Роберто Сперанца.

Патниците од сите други земји надвор од Европската унија и Шенген-зоната можат да влезат во Италија, но по пристигнувањето тие мора да поминат 14 дена во карантин.