Синоќа на регионалниот пат Струмица -Валанандово се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени повеќе лица. Се преврте комбе со битолски регистарски таблици, полно со мигранти.

Пожарникари од Струмица долго во ноќта се обидувале да ги извлечат патниците. Се употребувале и хидраулични алатки за извлекување.

Во незгодата 4 мигранти биле со потешки повреди, а уште четворица поминале со полесни повреди.

Возачот на комбето избегал.

Фото: Струмицаденес