ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ – ЕДНАКВИ ВО ТРУДОТ
Овој проект опфаќа надомест на плата за полно работно време за работник со намалена работна способност во согласност со прописите за пензиско и инвалидско осигурување.
Исто така, во однос на заштитата на работниците кои се родители на деца со посебни потреби, идната Влада на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи законско уредување за дополнителна заштита на работникот за кој работодавачот сака да го прекине договорот за вработување од деловни причини за работник што е родител на дете со посебни потреби.
Рок на реализација 2023 година.
ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА
Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе формира комбиниран систем на квотно вработување на лицата со инвалидитет, како и активни стимулативни мерки за работодавачите кои ќе вработуваат лица со инвалидитет. Исто така, задржувањето на овие лица ќе се поддржи со даночни ослободувања, како и обуки за стручно усовршување и доквалификување.
За потребите на глувонемите лица се предвидени кваратални обуки за толкувачи на знаковен јазик.
Овој проект дополнително предвидува:
- Вклучување на лицата со инвалидност во надзорите кои се во надлежност на Државниот градежен инспекторат;
- Формирање на Координативно национално тело составено од владини претставници, НВО секторот и организациите на лицата со инвалидност кое ќе работи на препознавање на проблемите и унапредување на правата на овие граѓани.
Рок на реалзација 2024 година.
Повеќе за проектите прочитајте во програмата „Проект обнова“.
Нарачател: ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“