Структурата на македонската економија е значително неповолна. Учеството на преработувачката индустрија во БДП не достигнува повеќе од 12%, при што, во нејзината структура доминантно учество имаат трудо-интензивни сектори и индустриски гранки со ниска продуктивност и ниска додадена вредност.
Дополнително, СДИ во ТИР зоните не се поврзани со домашната економија и најголем дел од нивниот извоз има увозна компонента поради што ефектите за домашната економија се значително помали. Практично, тоа се главните причини за релативно бавната развојна динамика на земјата и воедно најсериозни ограничувачки фактори за понатамошниот економски раст и развој.
Оттука, новиот развоен концепт на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочен кон креирање на модерни индустриски политики насочени кон извозно ориентирана индустријализација на земјата како основа за забрзување на економскиот раст и подобрување на животниот стандард на македонските граѓани. За остварување на таа цел и поставените стратешки определби ќе бидат дизајнирани следните мерки и проекти:
МЕРКА 1. ТРАНСФОРМАЦИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНДУСТРИЈА, ТРГОВИЈА И РАЗВОЈ
МЕРКА 2. МАПИРАЊЕ НА СТРАТЕШКИ ИНДУСТРИСКИ И ИЗВОЗНИ СЕКТОРИ
ПРОЕКТ 1. Изработка на студија за идентификување на стратешки сектори, потсектори и производи од преработувачката индустрија врз база на постоечките потенцијали на земјата.
МEРКА 3. СКЕНИРАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ДОМАШНИТЕ ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИ КОМПАНИИ
ПРОЕКТ 1. Финансиска поддршка за изработка на детални дијагностики и студии за адресирање на конкретни проблеми и потреби за подобрување на извозно ориентираните домашни компании.
ПРОЕКТ 2. Финансиска поддршка за изработка на инвестициски планови базирани на спроведени дијагностики и детални анализи во селектираните домашни извозно ориентирани компании
МЕРКА 4 ГРАДЕЊЕ НА КОНКУРЕНТСКИ ПРЕДНОСТИ НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ВО ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА
Врз база на претходно изработени дијагностички студии и инвестициски планови ќе бидат креирани програми и мерки за финансиска поддршка за инвестиции на оние компании чии инвестициски планови покажале најголем потенцијал за успех во градење на конкурентски предности за извоз. Воедно, финансиската поддршка ќе биде целосно мониторирана во насока на обезбедување целосна транспарентност и ќе биде евалуирана во процесот на негова реализација со цел да се обезбеди сигурност дека се остваруваат поставените цели во инвестициските планови.
ПРОЕКТ 1. Финансиска поддршка за стекнување на компаративни и конкурентски предности за извоз на домашни компании
Таквата финансиска поддршка ќе биде во насока на:
• трансфер на нови технологии (опрема и машини);
• купување на лиценци и франшизи;
• градење на know-how работни практики;
• воведување на нови производни линии или подобрување на постоечките производни процеси;
• креирање на нови бизнис и организациски модели;
• воспоставување на современи менаџмент системи за квалитет и стандардизација • спроведување на истражување на пазарот, маркетинг стратегии и други промотивни активности за настап на странски пазари.
ПРОЕКТ 2. Подобрување на кадровските и менаџерските способности на домашните компании
Со цел компаниите да ги подобрат кадровските и менаџерски способности, предвидено е креирање на повеќе мерки кои подразбираат обезбедување на финансиска поддршка за:
• специјализирани менаџерски обуки и тренинг програми со странски и домашни експерти; • менторинг и коучинг програми;
• специјализирани обуки за техничките лица во компаниите и обука за вработените во развојно-истражувачките одделенија на компаниите.
ПРОЕКТ 3. Градење на капацитети за примена на индустрија 4.0
Повеќе за мерките и проектите прочитајте во Проект „ОБНОВА“
Нарачател:
ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“