Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 2 и 5 Јули 2020 на 1087 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, се вели во истражувањето на ИПИС.
Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата. Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат предизборните рејтинзи на партиите и политичарите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.
Одговорите ја одразуваат демографската структура на испитаниците и нивните преференци и ставови. Сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 % . Поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.
Целосното истражување тука.