СЗО: Епидемијата забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се шири по воздушен пат

Светската здравствена организација (СЗО) вчера предупреди дека „епидемијата се забрзува“ и „се појавуваат докази“ за пренесување на коронавирусот по воздушен пат, бидејќи 239 меѓународни експерти повикале на предупредување за таков начин на инфекција.

„Ние признаваме дека се појавуваат докази во оваа област и затоа треба да бидеме отворени за таа можност и да ги разбереме импликациите“, рече Бенедета Алегранци, една од водечките лица во СЗО преку видео конференција.

„Можноста за појава на вирусот на јавни места, особено ако се преполни, не може да се исклучи. Сепак, доказите мора да се соберат и интерпретираат“, предупреди Алегранци, препорачувајќи „ефикасна вентилација во затворен простор и физичко растојание“.

„Тогаш кога тоа не е можно, препорачуваме да носите маска“, додаде Алегранци.

Повеќе од 200 меѓународни научници ги повикаа СЗО и меѓународната медицинска заедница „да го препознаат постоењето на можноста вирусот да се пренесува преку воздух“ во написот објавен во понеделникот во списанието Клинички инфективни болести во Оксфорд.

СЗО веќе беше критикувана дека доцни со препораките за носење медицински маски и сега е обвинета дека одбива да разгледува сè повеќе индикатори за пренесување на вирусот во воздухот.

„Епидемијата забрзува и сè уште не го достигнавме врвот на пандемијата“, предупреди генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габриесус, на прес-конференција.

„Се чини дека бројот на жртви се стабилизира на глобално ниво, а во реалноста некои држави постигнаа значителен напредок во намалувањето на смртноста, но во други  бројот на починати лица се зголемува“, рече Гебриесзус.

Ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, уби повеќе од 535.000 луѓе ширум светот за шест месеци и зарази 11,4 милиони.