Докторката Нина Цаца Билјановска која што на почетокот од епидемијата со коронавирусот криеше дека била во Италија и имала симптоми, повторно се врати на работното место откако беше сменета од директорската позиција на Државната клиника за кожни болести.

Докторката заработи кривична пријава од полицијата, а Основното јавно обвинителство Скопје предложи да биде казнета со парична казна во висина од 10 илјади евра. Додека лекарската комора чека правосилна пресуда по што ќе одлучува дали ќе и биде одземена лиценцата за работа, во меѓувреме докторката се врати на клиниката.

Цаца Билјановска беше четвритиот пациент позитивен на коронавирусот во Македонија. Откако се утврди дека е позитивна целата клиника беше ставена под клуч, а нејзните колеги беа ставени во изолација. Ваквото однесување на докторката тогаш го осуди министерот за здравство и колегите од фелата.